Денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори во Грција

На денешните предвремени парламентарни избори на кои ќе бидат избрани новите 300 пратеници во грчкиот Парламент се регистрирани приближно 10 милиони гласачи кои ќе гласаат во 59 изборни единици во 21.478 гласачки кутии

1231582
Денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори во Грција
yunanistan seçim.jpg
yunanistan seçim.jpg
yunanistan seçim.jpg
yunanistan.jpg

Граѓаните на Грција денеска гласаат на предвремените парламентарни избори на кои ќе бидат избрани новите пратеници во Парламентот.

На изборите кои што се одржуваат 4 месеци пред нормалниот (редовен) датум од нивното одржување, се регистрирани во избирачкиот список, односно право на глас имаат приближно 10 милиони гласачи.

Според Министерството за внатрешни работи, во Грција има околу 9,9 милиони регистрирани гласачи, меѓу кои над 519 илјади се на ворзст од 17 до 21 година.

Гласањето се одржува во 59 изборни единици во кои се поставени вкупно 21.478 гласачки кутии.

Гласачките места беа отворени во 07:00 часот, а ќе бидат затворени во 19:00 часот по локално време.

Прелиминарните резултати се очекува да започнат да пристигнуваат околу 21:30 часот по локално време.

На изборите ќе бидат избрани 288 од вкупно 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, додека останатите 12 пратеници ќе бидат избрани од листата која важи за целата земја.

На денешните предвремени парламентарни избори учествуваат 20 политички партии, а исто така постои и изборен праг од 3 отсто. 

На изборите за Европскиот парламент (ЕП) одржани во мај, процентот на излезеност на гласачите во Грција изнесуваше 58 отсто.

Според последните спроведени анкети, изборната трка ќе се води помеѓу левичарската партија СИРИЗА на чело со Алексис Ципрас и нејзиниот противник од централната десница главната опозициона Нова Демократија (НД) на чие чело се наоѓа Кириакос Мицотакис.

 



Слични вести