Во Грција на 7 јули во недела ќе се одржат предвремени парламентарни избори

На предвремените парламентарни избори во Грција на 9 јули, во недела, ќе гласаат приближно 10 милиони гласачи кои ќе ги изберат новите пратеници во Парламентот, по економската криза и меморандумите во оваа земја

Во Грција на 7 јули во недела ќе се одржат предвремени парламентарни избори

Граѓаните на Грција на 7 јули во недела ќе излезаат да гласаат на предвремените парламентарни избори.

На изборите ќе гласаат приближно 10 милиони гласачи кои ќе ги изберат новите пратеници во Парламентот по економската криза и меморандумите во оваа земја.

На изборите кои со одлуката на премиерот Алексис Ципрас за одржување на предвремени избори беа повлечени приближно 4 месеци понапред, ќе учествуваат 20 политички партии.

Во земјата постои изборен праг од 3 отсто. 

Партиите ќе се натпреваруваат за 300-те пратенички места во Парламентот на земјата.

Согласно изборниот систем, со цел да се олесни да се формирањето на влада политичката партија која ќе излезе како прва од изборите ќе се стекне со право да добие уште 50 пратеници плус.

Инаку, од 1928 година наваму за прв пат изборите во оваа земја се одржуваат во летните емсеци и тоа што во неделата температурите се прогнозира да изнесуваат над 35 степени ги зголемува и грижите за опаѓање на процентот на излезеност на грчките граѓани.

Според последните анкетирања пак, главната трка ќе се води поемѓу левичарската партија СИРИЗА на чело со Алексис Ципрас и нејзиниот противник од десницата главната опозициона Нова Демократија (НД).

Согласно спроведените испитувања на јавното мнение, со сигурност се гледа лидерот на Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис да ја преземе задачата за составување на новата влада, додека се очекува Алексис Ципрас да го продолжи својот политички живот како лидер на главната опозициона партија.

Во новиот период се претпоставува дека во Парламентот ќе успеат да влезат и коалиционата партија Движење на промена (КИНАЛ) чиј 'рбет го сочинува ПАСОК, потоа Комунистичката партија на Грција (ККЕ) и екстремно десничарската Златна Зора која изгуби крв на одржаните избор за Европскиот парламент (ЕП).

На предвремените парламентарни избори на 9 јули во недела од турското малцинство од Западна Тракија исто така учествуваат и 17 турски кандидати од листите на различни политички парттии.

 



Слични вести