Озерсај: Кипарските Турци и Грци се заеднички сопственици на јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај истакна дека Кипарските Турци и Грци се заеднички сопственици на јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран

1230134
Озерсај: Кипарските Турци и Грци се заеднички сопственици на јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај кој престојува во Швајцарија направи проценка во однос на случувањата во Источниот Медитеран.

Озерсај истакна дека Кипарските Турци и Грци се заеднички сопственици на јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран.

Тој напомена дека се уште не се испитани одредени вистини по прашањето на јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран.

Нагласувајќи дека овдешните избори им припаѓаат и на двете заедници, Кудрет Озерсај рече: „Кипарските Турци и Грцфи се заеднички сопственици на овие извори.Овој мошне значаен елемент не може да се изостави од вид.“

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај,  исто така потсети дека кипарско-грчкиот дел не го прифаќа предлогот за заедничко искористување на изворите и предложи да се постигне решение по прашањето на јаглеводородните ресурси со давање надлежност на компаниите кои добиле дозвола за истражување и дупчење и од двете страни.



Слични вести