Косовското МНР реши да не издава дозволи на претставници на Белград за посета на Косово

Во соопштението објавено во име на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли се истакнува дека сите барања за посетување на Косово од страна на функционерите од Белград ќе се одбијат

1230321
Косовското МНР реши да не издава дозволи на претставници на Белград за посета на Косово

Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово донесе одлука да не издаде ниту една дозвола за претставниците на Белград за реализирање посета на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение објавено во име на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, советникот на шефот на косовската дипломатија, Јетлир Зулберај, истакна дека сите барања за посетување на Косово од страна на функционерите од Белград ќе се одбијат.

„Поради хибридните закани кои Србија ги врши кон Косово, постојаната пропаганда и лажните вести кон нашата земја и нашиот народ, и последните напори за режирање таканаречена хуманитарна криза во северниот дел на Косово, заканувајќи се на српското население кое живее таму, и принудувајќи ги нив да ги затворат нивните бизниси само поради некои политички цели на Белград, МНР нема да дозволи ниту еден претставник од Белград да го посети Косово, и сите барања ќе се одбијат сѐ додека продолжува ова однесување“, нагласи Зулберај.



Слични вести