Претседателот на турското народно Собрание, Мустафа Шентоп, во посета на Гевгелија

Претседателот на турското Собрание, Шентоп, истакна дека неговото семејство мигрирало од Гевгелија во Турција

1227845
Претседателот на турското народно Собрание, Мустафа Шентоп, во посета на Гевгелија

Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, во рамки на неговата посета на Република Северна Македонија, денеска ја посети Гевгелија, градот кој е родното место на неговото семејство од каде мигрирале во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Шентоп во овие рамки се состана со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Поцков го информираше Шентоп, и неговата делегација во врска со Гевгелија, упатувајќи повик турските бизнисмени да инвестираат во овој град, каде моментално има инвестиции на три турски компании.

Тој упати благодарност поради добрата соработка на овие инвеститори.

Претседателот на турското Собрание, Шентоп, потсети дека неговото семејство мигрирало од Гевгелија во Турција, и рече дека и претходно го посетил овој град. 

Шентоп истакна дека Турција и Северна Македонија се пријателски и братски земји кои имаат многу блиски односи, и дека Турција се наоѓа на врвот на земјите кои први ја признале независноста на државата.

По средбата, беше реализирано меѓусебно врачување на плакети и подароци. 

Шентоп во текот на денот ја посети и џамијата „Исхак Челеби“ во Битола.



Слични вести