Шентоп порача од Скопје: За мирот на Балканот многу е важно младите генерации да живеат во мир

Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп од Евалуацијата на Балканската младинска школа и програма на затворање што се одржа во Скопје порача: „Доколку мирот владеел со регионов, тогаш мирот навистина владеел и во Европа и во целиот свет“

1227406
Шентоп порача од Скопје: За мирот на Балканот многу е важно младите генерации да живеат во мир

Во Скопје се одржа Евалуација на Балканската младинска школа и програма на затворање, поддржана од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), што се спроведе во осум балкански земји.

Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) организираше програма на затворање на која учествуваа претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (TBMM) Мустафа Шентоп, претседателот на Турците во странство и  роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен, министерот за култура на Република Северна Македонија Хусни Исмаили, вишиот соработник во Големото Народно Собрание на Турција (TBMM) д-р Неџип Фазил Курт, пратеници од турскиот Парламент, амбасадорката на Република Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, претставници на турски институции и организации и голем број гости.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (TBMM) Мустафа Шентоп им се заблагоради на сите кои придонеле во активностите и им честиташе на младите за учеството.

Шентоп истакна дека во денешно време, овој вид активности имаат големо значење, и додаде дека регионот, како целина, не само во блиското минато, туку и во историскиот период од далечното минато, бил регион чие срце чукало последно.

„Доколку мирот владеел со регионов, тогаш мирот навистина владеел и во Европа и во целиот свет. Но кога и да имало тензии, судири во регионов, тогаш доаѓало до проблеми и судири прво во Европа, а потоа и во целиот свет“, рече Шентоп.

Шентоп истакна дека за да може мирот да владее со Балканот, многу е важно, особено младите генерации да живеат во мир, разбирајќи се меѓусебно, а за да се обезбеди тоа, предност треба да им се даде на контактите, средбите, запознавањата и меѓусебните разговори.

Велејќи дека и самиот е дете кое потекнува од Балканот, Шентоп рече: „Јас сум дете на семејство кое во 1926 година од Северна Македонија имигрирало во регионот на Тракија во Турција. Од еден аспект, и јас сум како вас, дете од Балканот, од Румелија.“

Зборувајќи за 20 век, Шентоп рече дека тоа било тешко столетие од историски аспект.

„Всушност, кога гледаме на технолошкиот развој, веројатно станува збор за век во кој се појавија многу придобивки, како што е зголемување на вкупното економско богатство. Но од аспект на човечките вредности, станува збор за столетие од човековата историја, кое би го поставиле на најниските гранки, столетие кое најмалку би го ценеле. Првенствено, тоа е најкрвавото столетие во историјата на човештвото. Ако започнеме од балканските војни, во Првата светска војна загинаа 10 милиони луѓе. Во Втората светска војна животот го загубија повеќе од 70 милиони луѓе. Во многу блиско време, во првата половина од деведесеттите, се сеќаваме дека беше извршен геноцид врз нашите браќа во Босна и Херцеговина. На многу поразлични простори, во Руанда, во многу краток период, околу 1 милион луѓе се сечени и масакрирани со примитивни алатки. Затоа 20 век, од аспект на човековата историја, не е столетие кое ќе се запамети по добро“, рече Шентоп.

Тој истакна дека голем број институции кои во тоа столетие се формирани со цел да обезбедат мир во светот, не успеале да ја исполнат својата задача, а според него, причината за тоа е дека тие институции биле изградени врз погрешна основа и погрешна логика.

Шентоп посочи дена една од тие организации е Организацијата на Обединетите нации (ОН), но додаде дека таа не успеала да обезбеди мир во светот.

„Зошто? Бидејќи погрешна е клучната точка во организацијата. Основана е врз предноста на победниците во војната. Поразените од војната ги нема во раководството. Знаете дека пет земји во ОН имаат право на вето. Доколку 195 од 196 земји членки се договорат околу некое прашање, а една земја, која е една од петте земји, може да стави вето, договорената резолуција станува неважечка“, зборуваше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (TBMM) Мустафа Шентоп.

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен, за проектот на Балканската младинска школа истакна дека станува збор за еден од проектите на визијата на ЈТБ, потсетувајќи дека за првпат проектот е спроведен во 2016 година.

Ерен информираше дека проектот е спроведен во осум балкански земји, и истакна дека Турција пружила помош за развојот во повеќе земји од светот, првенствено во земјите од Балканот, и додаде:

„Тука спаѓаат стипендии за образование, тука спаѓаат проекти на ТИКА, на „Јунус Емре“, кои спроведоа проекти за помош и инвестиции од страна на различни институции на Турција. Според податоците на Организација за економска соработка и развој (ОECD), од 2015 година, Турција на балканските простори донирала помош за развој во висина од 150 милиони долари. Турција, зголемувајќи ги овие бројќи, ќе продолжи со помошта.“

Со цел формирање на заедничка иднина, Ерен рече дека е потребно изнаоѓање заеднички решенија.

Ерен подвлече дека проектот за Балканската младинска школа ќе даде придонес во развојот на односите меѓу Турција и земјите од Балканот.

„Кога го изработувавме овој проект, не покажавме никаква поделба според етничка или верска основа. Се обидовме да им помогнеме на сите млади до кои успеавме да допреме. Се надевам дека овој проект, кој содржи повеќе активности, во годините што претстојат, ќе успееме да го направиме поефикасен“, рече Ерен.

- Успешните проекти на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) ќе дадат придонес во нивото на образованието на Северна Македонија

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара истакна дека Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) обезбедило отворање на нови хоризонти за младите од целиот свет, и со цел тие да станат корисни единки во своите земји, спроведува многу важни активности кои им овозможуваат да се интегрираат во општеството.

Амбасадорката Кара рече дека тоа првенствено е благодарение на стипендиите за додипломските и постдипломските студии во Турција, каде што стипендистите се стекнуваат со дипломи и благодарение на нив, имаат можност за напредок и понатаму даваат придонес во просперитетот на сопствените земји, и додаде:

„Верувам дека YTB, кое покажува грижа кон Северна Македонија во периодот што следува, ќе спроведе успешни проекти, со цел издигнување на образовното ниво во пријателската и братска земја Северна Македонија.“

Обраќајќи им се на младите, Кара рече „Почитувани студенти, вие сте волонтерски амбасадори меѓу вашите земји и Турција. Вашите успешни дела, што во иднина ќе ги претворите во вкупна придобивка, ќе додадат нови димензии во нашите билатерални односи.“

Министерот за култура на Република Северна Македонија Хусну Исмаили го истакна големото значење што во Северна Македонија е организирана Евалуацијата на проектот на Балканската младинска школа и програмата на затворање на проектот.

Исмаили истакна дека проектот во себе носи верување дека различните нации кои живеат на балканските простори, ќе имаат можност подобро да се разберат и запознаат. „Верувам дека проектот Балканска младинска школа ќе ја зајакне културата на соживот на различните нации во овој регион и ќе ги одржи мирот и стабилноста“, рече Исмаили.

Хусрев Емин, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), рече дека Турција долги години наназад на своите сонародници на Балканот, неповратно им дава материјална и морална поддршка, обезбедувајќи поддршка и на економско, социјално и културно поле за развојот на Турците од балканските простори, влевајќи им надеж и самодоверба за иднината на сонародниците од овие простори. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести