Талат Џафери: Турција наскоро ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери рече дека наскоро Големото Народно Собрание на Турција ќе го ратификува Пристапниот протокол за зачленување на Северна Македонија во НАТО

1227038
Талат Џафери: Турција наскоро ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери рече дека наскоро Големото Народно Собрание на Турција ќе го ратификува Пристапниот протокол за зачленување на Северна Македонија во НАТО.

Претседателот Џафери одржа неформална средба со претставници на медиумите, на која беа поставени разни прашања за активностите на Собранието. Џафери зборуваше и за комуникацијата која Собранието на Северна Македонија ја има со собранијата на земјите членки на НАТО во врска со постапките за ратификација на Протоколот.

Џафери рече дека 20 земји веќе ги завршија постапките и остануваат уште девет земји каде што тече постапката. Се работи за Турција, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, Холандија, Исланд и Луксембург.

Во врска со Република Турција, Џафери рече дека врз основа на комуникацијата со турското Собрание, информирани се дека Протоколот веќе е влезен во собраниска постапка и дека „ќе се ратификува наскоро“, споменувајќи го септември како последен рок.

Џафери беше прашан и за Специјалното јавно обвинителство, што се постави како прашање при недобивањето на датумот за започнување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Тој рече дека во врска со ова, сè уште не е постигнат договор меѓу политичките партии. Џафери истакна дека не сака да поставува рокови, додавајќи дека Собранието е спремно да дебатира штом ќе се постигне договор меѓу политичките партии.

Меѓу другото, претседателот Џафери зборуваше и за оставката на пратеникот и потпретседател на Собранието, Весел Мемеди. Џафери рече дека врз основа на Правилникот за работа на Собранието, неговата оставка ќе биде констатирана на првата наредна седница, која е закажана за 9 јули, додавајќи дека Мемеди дотогаш има рок да се предомисли и да ја повлече оставката.

Весел Мемеди поднесе оставка од функцијата по одлуката на парламентарното мнозинство да не ѝ се додели Министерството за локална самоуправа на партијата Национална демократска преродба (НДП), чиј претседател е Мемеди. Во средата, поранешниот министер Сухејл Фазлиу од редовите на НДП беше разрешен од функцијата со 64 гласа „за“ и еден глас „против“. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести