Унгарија одлучи да не го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски

Судијата истакна дека судот ја испитува само легитимноста на неговата екстрадиција, и бидејќи Груевски е со статус на азилант во Унгарија, според законите што се во сила, не е возможна неговата екстрадиција.

1226349
Унгарија одлучи да не го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски

Судот во Унгарија ја одби екстрадицијата на поранешниот премиер на Северна Македонија Никола Груевски.

Унгарскиот суд во судскиот случај за екстрадиција на Груевски кој се обвинува со различни обвиненија во земјата, ја одби екстрадицијата на Груевски со образложение дека тој во Унгарија имал статус на азилант.

Судијата истакна дека судот ја испитува само легитимноста на неговата екстрадиција и бидејќи Груевски е со статус на азилант во Унгарија според законите што се во сила не е возможна неговата екстрадиција.

Исто така судијата нагласи дека меѓународната потерница за фаќање на Груевски е сѐ уште во сила и дека одлуката на судот важи само во Унгарија.

Судијата рече дека е донесена одлука за ослободување на Груевски кој се наоѓа во притвор.

Поранешниот премиер Груевски е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“, во врска со луксузниот автомобил, марка „мерцедес“, во вредност од околу 570.000 евра.

Груевски на 13 ноември минатата година во објава на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил, а на 20 ноември, исто така преку објава на Фејсбук, потврди дека Унгарија позитивно одговорила на неговото барање за азил.

Во ноември минатата година, со 62 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија на пленарна седница му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски.

Во врска со неговиот пратенички мандат на први јуни оваа година Груевски на социјалната Фејсубук мрежа истакна дека одлучил да се повлече од пратеничката функција.

„Одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови", напиша Груевски. (Anadolu Agency-AA)

 



Слични вести