Поранешниот српски војник осуден на казна затвор од 13 години

Српскиот војник Сретко Павиќ учествувал во прогонството и убивањето на Бошњаците од Приједор

1224301
Поранешниот српски војник осуден на казна затвор од 13 години

Судот на Босна и Херцеговина, поранешниот српски војник Сретко Павиќ го осуди на казна затвор од 13 години затвор поради кривичното дело злосторство против човештвото што го изврши во периодот од 1992 д0 1995 во рамките на војната во Босна и Херцеговина.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Судот беше истакнато дека војникот Павиќ во 1992 година зел активно учество во систематските напади на српските војници и полицајци врз несрпската популација во градот Приједор на северната страна на Босна и Херцеговина, поради што поранешниот војник беше осуден на казна од 13 години.

Српскиот војник Сретко Павиќ учествувал во прогонството и убивањето на Бошњаците од Приједор.

Рочиштето за донесување пресуда за наведените кривични дела против Павиќ се одржа денес.

Во рамките на војната во Босна и Херцеговина која започна во март 1992 година, беа вооружени 1 775 Срби кои работеа во 13 полициски станици.

Српските единици ноќта на 29 април ја презедоа контролата над градот Приједор чија популација претежно се состоеше од Бошњаци. На 23 мај 1992 година српските единици наоружени со тешко оружје почнаа со напади на селата околу Приједор. Во масакрите кои беа извршени во Приједор и околината животите и загубија 3 176 цивили од кои 106 беа деца.

Во тој период околу 30 илјада цивили од Приједор беа однесени во концентрационите логори во Омарска, Кератерм, Козарац, Трнопоље и Мањача, додека десетици илјади беа прогнати од родните места.



Слични вести