Еден канадски војник загина во воената вежба на НАТО во Бугарија

Градоначалникот на Чешнигирово Христо Атанасов рече дека несреќата се случи за време на ноќната вежба

1220693
Еден канадски војник загина во воената вежба на НАТО во Бугарија

Еден канадски војник загина во воената вежба на НАТО „Брз одговор 19“ (Swift Response 19) во воздушната база Чешнигиро во Бугарија.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана, во рамките на вежбата загина еден канадски војник чиј падобран не се отвори, а исто така беше повреден еден друг американски војник кој скокна од истиот борбен авион.

Градоначалникот на Чешнигирово Христо Атанасов рече дека несреќата се случи за време на ноќната вежба.

Во воената вежба од 11 до 24 јуни во Бугарија, Романија и Хрватска која се организира под покровителство на Американската команда на силите за Европа, учествуваат околу 8 илјади воен персонал, над 1200 оклопн возила и 100 борбени авиони од Албанија, Британија, италија, Канада, Северна Македонија и Украина.



Слични вести