Претседателот на ТРСК Акинџи: Ќе продолжиме да ги браниме нашите права во Источниот Медитеран

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи истакна дека ќе продолжат да ги бранат сопствените права во Источниот Медитеран.

1216745
Претседателот на ТРСК Акинџи: Ќе продолжиме да ги браниме нашите права во Источниот Медитеран

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи по реализацијата на копнениот дел од „Воената вежба за пребарување и спасување шехит поручник Џанер Ѓонјели 2019“ која се одржува во Гирне, даде изјави во врска со воената вежба и актуелниот дневен ред.

Акинџи истакна дека ќе продолжат да ги бранат сопствените права во Источниот Медитеран. 

Велејќи дека тензиите кои што се доживуваат во последно време во Источниот Медитеран се непосакувани состојби, Мустафа Акинџи рече: „Богатствата во Источниот Медитеран ни припаѓаат на сите нас и тоа се прифаќа. Меѓутоа, кога ќе стане збор за применување на тоа, се соочуваме со една кипарско-грчка страна која вели 'тоа претставува наше суверено право' “.

Тој потсети дека во период кога продолжуваа преговорите низа пати и бил доставен повик на кипарско-грчката управа за соработка во Источниот Медитеран и продолжи со следните зборови: „На кипарско-грчката управа и рековме 'да формираме заеднички комитет'. За жал не сакаа да формираат и комитет, и да се планира оваа работа заедно и ги продолжија своите еднострани активности. Рековме 'ако го правите тоа не им оставате друг избор на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција освен да се однесуваат на ист начин'. Моментално се прави неопходното. Рековме 'ако вие реализирате истражување ќе реализираме и ние' и го правиме тоа. Рековме 'ако дојдете до фаза на ископување и ние ќе дојдеме до таа фаза' и сега сме во таа фаза.“

Упатувајќи повик во врска со Источниот Медитеран, Акинџи ја изнесе следната констатација: „Источниот Медитеран може да дојде во состојба на море на мирот, басен на мирот. Сите можат да исползуваат отука. Ние не сакаме политика на тензија, политика на конфликт. Сакаме мир, компромис, меѓутоа тое го велам во склопот на одлучноста за одбрана и нашите права. Доколку презентираме сфаќање по прашањата на потпомагањето, заедничкото работење (копродукцијата), споделувањето, ние веднаш сме спремни да ја подадеме таа рака. Но за жал доаѓа до точно спротивни случувања. Постојат обиди Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција надвор од енергетските политики, да се држат надвор и од енергетската равенка на Источниот Медитеран.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи подвлече дека обидите за држење на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција надвор од Источниот Медитеран се во спортивност со географијата, а воедно нагласи дека кипарските Турци и Турција ќе продолжи да ги има во географијата и историјата на регионот.



Слични вести