Во новооткриената масовна гробница на планината Игман досега се пронајдени тела на 8 жртви

Портпаролката на Институтот за исчезнати на Босна и Херцеговина Емза Фазлиќ истакна дека во новооткриената масовна гробница на планината Игман се пронајдени комплетни тела на 8 жртви и се мисли дека овде се наоѓаат тела на уште 4 жртви

1214786
Во новооткриената масовна гробница на планината Игман досега се пронајдени тела на 8 жртви

Во новооткриената масовна гробница на планината Игман во близина на главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се пронајдени тела на 8 жртви кои биле убиени за време на војната во Босна во периодот од 1992-1995 година.

Портпаролката на Институтот за исчезнати на Босна и Херцеговина Емза Фазлиќ истакна дека продолжува ексхумацијата во масовната гробница откриена во средата во која се наоѓаат посмртните остатоци на бошњачки цивили за кои се претпоставува дека биле убиени за време на војната и дека досега се пронајдени тела на 8 жртви. 

Велејќи дека се претпоставува оти во масовната гробница има закопано 12 жртви, Фазлиќ напомена дека станува збор за примарна гробница со  комплетни тела на жртвите. 

Емза Фазлиќ истакна дека во областа каде што е откриена масовната болница биле забележани и чаури од куршуми и рече: "Мислиме дека телата им припаѓаат на 12 цивили кои за време на војната живееле во областа Доњи Хаџичи. Овие луѓе биле пресретнати при обид преку планината Игман да пристигнат во безбедната зона и овде биле ликвидирани. Досега ги пронајдовме телата на 8 лица, сметаме дека ќе пронајдеме тела на уште 4 жртви."

Фазлиќ напомена дека за време на ископувањата биле пронајдени и лични предмети на жртвите, а воедно додаде дека идентитетот на жртвите ќе биде утврден преку ДНК анализа. 



Слични вести