Вонредна состојба во два града во областа Санџак во Србија

Поради поплава во градовите Нови Пазар и Тутин во областа Санџак во Србија во која поголемиот број од популацијата се Бошњаци беше прогласена вонредна состојба

1213460
Вонредна состојба во два града во областа Санџак во Србија

Поради поплава во градовите Нови Пазар и Тутин во областа Санџак во Србија во која поголемиот број од популацијата се Бошњаци беше прогласена вонредна состојба.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за итни случаи на Нови Пазар, како последица на вчерашните силни дождови, нивото на реката Рашка се искачи на критично ниво и дојде до прелевање поради што голем број куќи и деловни простори останаа под вода.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за итни случаи на градот Тутин беше истакнато дека како последица на обилните врнежи дожд во платото Пештер кое е познато како „Балкански Сибир“, дојде до пораст на водостојот на реките во подрачјето. Индустриската зона во која се лоцирани фабриките за мебел во Тутин останаа под вода.

Во соопштението се истакнува дека голем број куќи и деловни простори биле оштетени.

Во меѓувреме, до граѓаните на Србија и општо Балканот беше упатен повик да бидат повнимателни бидејќи и денес ќе продолжат врнежите кои беа доста влијателни во Србија и Балканот.



Слични вести