Голем број муслимани по повод Лејлетул Кадир ги исполнија џамиите во балканските земји

Во џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје дојдоа голем број верници каде што присуствуваа на организираната програма по повод Лејлетул Кадир и по клањање на намазот теравија читаа дови (молитви)

1212461
Голем број муслимани по повод Лејлетул Кадир ги исполнија џамиите во балканските земји
Kuzey Makedonya Üsküp Mustafa Paşa camisi.jpg
Fatih Sultan Mehmet camisi Priştine.jpg
Saraybosna Hüsrev Bey camisi.jpg
Ferhat Paşa camisi Banya Luka.jpg
Karadağ Podgoritsa camii.jpg
balkanlarda kadir gecesi coşkusu_2.jpg

Голем број муслимани во балканските земји како што се Северна Македонија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија синоќа ги исполнија џамиите по повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул Кадир кога започнала објавата на светата муслиманска книга Куранот и за која се вели дека е повредна (подобра) од илјада месеци.

Муслиманите во Северна Македонија ги исполнија џамиите во земјата каде што Лејлетул Кадир го поминаа во ибадет-верски обред (клањање намаз и читање дови-молитви од светата книга Куранот).

Во џамијата „Мустафа Паша“ (Мустафа-пашината џамија) во Скопје дојдоа голем број верници каде што присуствуваа на организираната програма по повод светата ноќ Кадир и по клањање на намазот теравија читаа дови (молитви).

Во рамките на програмата организирана од страна на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Република Северна Македонија се читаа илахии и делови од Куранот. 

Меѓу присутните на овдешната програма беше и советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје Мурат Алкан.

Светата ноќ Лејлетул Кадир во сите џамии на територијата на цела Северна Македонија се одбележа во големо воодушевување.

Оваа света ноќ се одбележа со програма и на Косово каде што во џамиите се клањаше намаз теравија, а потоа се читаа дови (молитви), делови од светата книга Куранот и се пееја илахиии.

Голем број верници ја исполнија историската џамија „Фатих Султан Мехмед“ во главниот град на Косово, Приштина, а поради големата присутност еден дел од луѓето го исполнија и дворот на џамијата и таму клањаа.

По повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул Кадир голем број верници ја исполнија и џамијата „Табак“ во главниот град на Албанија, Тирана.

По клањање на намазот теравија се читаа дови и делови од светата муслиманска книга Куранот. 

Голем број муслимани ги исполнија џамиите на територијата на цела Албанија.

Муслиманите кои ја исполнија историската џамија „Хусрев Беј“ (Хусрев-беговата џамија) во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, пред намазот теравија учествуваа на организираната програма по повод светата ноќ Лејлетул Кадир.

Во текот на целата ноќ се читаше Куран, а оние верници кои не можеа да најдат местовнатре во џамијата го исполнија дворот каде што го вршеа својот ибадет-верски обред, клањаа намаз, читаа дови-молитви и слушаа Куран.

Голем број муслимани ја исполнија и историската џамија „Ферхадија“ и во градот Бања Лука во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.

Верниците кои присуствуваа на организираната програма по повод Лејлетул Кадир пред клањање на намазот теравија ги кренаа своите раце кон небото и читаа дови (се молеа). 

Муслиманите во најмалата балканска земја, Црна Гора, исто така во голем број присуствуваа и ги исполнија џамиите „Османагиќ“ и „Стародогањска“ во главниот град Приштина.

Овде беа организирани програми, се клањаше намаз, се читаа дови и Куран.

Муслиманите во главниот град на Србија, Белград, се собраа во единствената џамија во градот историската џамија „Бајракли“ каде што клањаа намаз и присуствуваа на овдешната организирана програма по повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул Кадир.

Голем број муслимани кои живеат во областа Санџак населена претежно со бошњачко население пак ги исполнија џамиите во овдешните градови и сите други помали и поголеми населени места.

 



Слични вести