Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) приреди ифтар во Скопје

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски истакна дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) со проектите кои ги реализира дава придонес во различни области како образование, здравство, земјоделство, сточарство

1210513
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) приреди ифтар во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) синоќа во Скопје организираше ифтар.

На ифтарот присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, вицепремиерот во Владата на Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда на Северна Македонија Рената Дескоска, министерот без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за привлекување странски инвестиции Елвин Хасан, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија Сулејман ефенди Реџепи, амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, министри, пратеници, претседатели на политички партии, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на Здружението „15 Јули", блиските на шехидите (загинатите) во обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година во Турција, газиите (ветераните) од 15 јули, како и бројни други поканети гости.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, во своето обраќање пред присутните истакна дека како социјална држава Република Северна Македонија има цел да овозможи социјална правда, економска благосостојба и напредок во личниот и заедничкиот живот на сите нејзини граѓани во услови на глобална нееднаквост.

Претседателот на Северна Македонија рече дека постојат пријателски држави кои сесрдно им помагааат во исполнувањето на таа голема обврска кон граѓаните на оваа земја.

Според него, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) со проектите кои ги реализира, им помага на некои од ранливите категории граѓани во општеството, а тоа се децата, болните и сиромашните.

Пендаровски нагласи дека ТИКА во Северна Македонија дава придонес во различни области како образование, здравство, земјоделство, сточарство.

„Низ годините ТИКА стана препознатлив симбол на турската солидарност и споделување и тоа не само кон Турците или муслиманите, туку кон сите мои сограѓани, независно од нивната етничка, верска или јазнична припадност. Како претседател на Република Северна Македонија од се срце и благодарам на ТИКА за таа суштинска поддршка. Се надевам дека соработувајќи за доброто на нашите граѓани ќе можеме да ги продлабочуваме односите на нашите две пријателски држави и народи“, потенцираше Пендаровски.

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара рече дека ТИКА, која, како што рече, благодарение на нејзините дејности ширум светот станала извор за гордост на Турција, во Северна Македонија од 2005 година до денес реализирала околу 1000 проекти.

Кара потсети дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) од Северна Македонија добила орден за заслуги за активностите кои ги реализирала во земјава.

„ТИКА и во следниот период со зголемен интензитет ќе ги реализира своите проекти кои имаат за цел да придонесат во развојот и просперитетот на братската и пријателска земја Северна Македонија“, додаде Кара.

Амбасадорката на Турција Кара  нагласи дека со почит се сеќава на шехидите (загинатите) во неуспешниот обид за државен удар на 15 јули во Турција, зад кој стои терористичката организација ФЕТО.

„Во оваа пригода би сакала да потенцирам дека веруваме во поддршката на Северна Македонија во насока на борбата против терористичките организации, на чело со ФЕТО, борба која со одлучност ќе ја продолжиме и во иднина“, рече Кара.

Координаторот наТурската агенција за соработка и координација (ТИКА)во Скопје Ајтекин Ајден, истакна дека ТИКА благодарение на хуманоцентричното, искреното и несебичното разбирање за развој направила да се пробие нова преспектива во насока на развојната соработка.

Ајден рече дека со овој пристап кој го нарекуваат „турски тип на развој“, ТИКА изготвува проекти фокусирани на приоритетите на земјите и истите транспарентно и непристрасно ги споделува со засегнатите страни.

ТИКА, која денеска има 61 канцеларија во 59 земји и реализира проекти во над 170 земји, во 2005 година ги започна своите активности во Северна Македонија каде реализираше околу 1.000 проекти со буџет од 100 милиони долари“, информираше координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести