Предвремените парламентарни избори во Грција се планираат за 7 јули 2019

"Одлуката на премиерот е предвремените избори да се одржат на 7 јули" - соопшти портпаролот на грчката влада Димитрис Џанакопулос за телевизијата "Алфа"

1209974
Предвремените парламентарни избори во Грција се планираат за 7 јули 2019

Портпаролот на грчката влада Димитрис Џанакопулос изјави за телевизијата „Алфа“ дека предвремените парламентарни избори се планира да се одржат на 7 јули оваа година.

"Одлуката на премиерот е предвремените избори да се одржат на 7 јули. Причината за оваа одлука е потполно да се обезбеди да не дојде до одреден проблем поради приемните испити на националните Универзитети кои што ќе се одржат во периодот од 2 до 6 јули." - рече Џанакопулос. 

Тој соопшти дека премиерот Алексис Ципрас на 10 јуни ќе се состане со претседателот Прокопис Павлопулос. 

Инаку, грчкиот премиер Алексис Ципрас донесе одлука за одржување на предвремени избори откако неговата партија на изборите за Европскиот парламент (ЕП) заостана со голема разлика пред главната опозициона партија Нова Деморкатија (НД).

Инаку, грчкиот премиер Алексис Ципрас одлуката за предвремени избори ја соопшти откако неговата партија на изборите за Европскиот парламент (ЕП) заостана со голема разлика пред главната опозициона партија Нова Деморкатија (НД) и освои помал број европратеници.



Слични вести