ЕК препорача започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ

Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека Северна Македонија и Албанија остварија напредок во реализација на реформите и дека затоа Европската комисија (ЕК) бара веднаш да започнат преговорите со овие две земји за членство во ЕУ

1210527
ЕК препорача започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан препорача започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија за членство во Европската унија (ЕУ).

Европската комисија во овој состав чиј мандат ќе заврши на крајот на октомври оваа година во рамките на пакетот за проширување за 2019 година за 2019 година ги разгледа извештаите во врска со земјите од Западен Балкан. 

Еврокомесарот Хан во комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП) направи проценка на состојбата на земјите од Западен Балкан кои се наоѓаат во процес на зачленување во ЕУ и притоа истакна дека земјите од овој регион бележат позитивни случувања во поцесот за членство.

Велејќи дека западнобалканските земји треба да работат повеќе за помпромис и развивање на соседските односи во иднина, Хан подвлече дека во земјите од регионот треба да се преземат превентивни мерки особено во однос на прашања како што се невработеноста, нискиот процент на наталитет и миграцијата.

Тој истакна дека Албанија, како една од регионалните земји, реализира значајна трансформација по прашањето на реформите во судството и правото, додека Северна Македонија го потпиша историскиот договор со Грција за решавање на спорот за името.

„Во тој контекст, предлагам во најскоро време да започне процесот на пристапните преговори и со двете земји.“ - рече Хан.

Потсетувајќи дека исто така и Србија и Црна Гора кои напредуваат брзо на патот за членство во Европската унија (ЕУ), треба да постигнат развој во сферата на владеењето на правото, Јоханес Хан ја изнесе следната констатација: „Треба да продолжи и процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина и треба да се даде придонес за создавање на стабилна средина. Србија и Косово треба да ги изостават од вид провокациите.  Освен тоа, Косово треба да ја поништи воведената царина од 100 посто за производите по потекло од Босна и Херцеговина и Србија.“ 

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан напомена дека Босна и Херцеговина која очекува да добие статус на „земја кандидат“ мора да реализира реформи во голем број сфери, а воедно додаде дека оваа земја која уште од одржаните парламентарни избори во октомври не може да формира Влада, како прв чекор треба најпрвин да го надмине овој проблем.



Слични вести