Полиција на Косово: Уапсени се неколку граѓани и полицајци од различна националност

Полицијата на Косово соопшти дека освен што наишла на оружен отпор во Северна Митровица, наишла и на неколку блокади на патишта, што ја спречило циркулацијата на службени возила

1209690
Полиција на Косово: Уапсени се неколку граѓани и полицајци од различна националност

За време на полициска операција која се спроведува во неколку региони на Косово, вклучувајќи ги општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Скендерај и Глоговац, уапсени се неколку осомничени граѓани и полицајци од различни националности, Албанци, Срби и Бошњаци, пренесува Anadolu Agency (AA).

Косово: Апсења во Северна Митровица, полицијата наиде на оружен отпор

КФОР: „Во северниот дел на Косово не се распоредени воени сили“

Полицијата на Косово соопшти дека освен што наишла на оружен отпор во Северна Митровица, наишла и на неколку блокади на патишта, што ја спречило циркулацијата на службени возила, и заради тоа била принудена да употреби средства за ослободување на патиштата за да се продолжи операцијата.

„Поради настанатите препреки и опструкции на полициските акции на терен од страна на некои граѓани во Северна Митровица, полицијата на Косово испрати неколку граѓани, кои беа вклучени во овие случаи, во полициската станица“, се наведува во соопштението.

Се додава дека релевантните институции ги повикуваат сите граѓани да не стануваат жртви на различни провокации, бидејќи оваа полициска операција има цел борба против криминалот и е во интерес на сите граѓани на Косово.

Полициската операција која започна утринава сѐ уште е во тек.

Претходно полицијата на Косово соопшти дека на акцијата која денес се реализира на северниот дел на Косово претходела едномесечна истрага на Инспекторатот на полицијата на Косово, според налогот на Специјaлното обвинителство на Косово, што резултираше со основан сомнеж дека некои полициски службеници и некои граѓани учествувале во криминалните активности учество или организација на криминална група.

„Како резултат на отпорот во Северна Митровица, еден полицаец е повреден, но е надвор од животна опасност, додека неколку полицајци и граѓани досега се уапсени и запленети им се различни работи, вклучувајќи дури и оружје“, соопштено е претходно денес од полицијата на Косово.



Слични вести