Економски допинг за предвремените избори во Грција

Вчера Атинската берза денот го затвори со раст од 6 отсто и 776,6 поени

1209565
Економски допинг за предвремените избори во Грција

Објавувањето на резултатите од изборите за Европскиот парламент и соопштението дека ќе се одржат предвремени избори во Грција, поволно се одразија врз економските показатели.

По објавувањето на резултатите од кои беше утврдено дека партијата СИРИЗА освои 9 поени помалку од главната опозициона партија Нова демократија, грчкиот премиер Алексис Ципрас донесе одлука за одржување предвремени парламентарни избори.

Вчера Атинската берза денот го затвори со раст од 6 отсто и 776,6 поени. По објавувањето на одлуката за каматната стапка на 10 годишните државни обврзници, стапката се намали на историски 3,08 отсто. Оваа стапка, со вчерашниот пад од 6 отсто кон крајот на денот беше окончана со 3.16 отсто.



Слични вести