По претрпениот пораз на изборите за ЕП грчкиот премиер Ципрас најави предвремени избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по претрпениот пораз на неговата партија СИРИЗА на изборите за Европскиот парламент (ЕП) повика на предвремени избори

1208642
По претрпениот пораз на изборите за ЕП грчкиот премиер Ципрас најави предвремени избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас откако неговата партија на изборите за Европскиот парламент (ЕП) заостана со голема разлика во освоените гласови во споредба со главната опозициона партија Нова Деморкатија (НД), соопшти дека ќе се оди на предвремени избори.

Ципрас вчера изјави: „По вториот круг од локалните избори, ќе побарам од претседателот да се оди на предвремени парламентарни избори.“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот што го одржа во седиштето на својата партија СИРИЗА направи проценка на вчерашните одржани избори за Европскиот парламент (ЕП) и локалните избори.

Велејќи дека резултатите од изборите останаа многу зад очекувањата, Ципрас рече: „Да се изостават од вид резултатите за мене не претставува погоден начин на однесување.“

Тој напомена дека никогаш нема да избега од водење борба и рече: „По вториот круг од локалните избори, ќе побарам од претседателот да се оди на предвремени парламентарни избори.“

Инаку, според неофицијални резултати од одржаните избори за Европскиот парламент (ЕП) во Грција, како прва партија од изборите излезе главната опозициона Нова Демократија (НД), додека процентот на излезеност изнесуваше 57,6 отсто што пак, изнесува над просекот во другите земји на Европската унија (ЕУ).



Слични вести