Од 1 јуни од Пловдив започнува директна железничка линија за Едирне

Патот долг 184 км меѓу Едирне и Пловдив возот се предвидува да го помине за 4 часа 15 минути

1208874
Од 1 јуни од Пловдив започнува директна железничка линија за Едирне

Од 1 јуни од Пловдив започнува директна железничка линија за Едирне

Согласно меморандумот за разбирање кој беше постигнат меѓу Акционерското друштво за транспорт Државни железници на Република Турција и Железниците на Бугарија, почнувајќи од 1 јуни меѓу бугарскиот град Пловдив и турскиот град Едирне ќе започне  директна железничка линија.

Според информациите од Акционерското друштво за транспорт Државни железници на Република Турција, со цел да се зајакне трговијата меѓу Турција и Бугарија, беше усвоена одлука за започнување железничка линија меѓу Пловдид и Едирне.

Возот кој ќе патува на предвидената линија ќе се состои од три вагони од кои два од втора категорија и еден од прва категорија. Возот ќе располага со капацитет од 226 патници.

Патувањето со воз на предвидената линија ќе започне на 1 јуни и до крајот на годината ќе функционира саботите и неделите.

Патот долг 184 км меѓу Едирне и Пловдив возот се предвидува да го помине за 4 часа 15 минути. Возот на пат ќе тргне од Едирне во 17:00 часот, а во Пловдив ќе пристигне околу 21.15 часот.

Возот од Пловдив ќе тргне во 08:40 часот, а во Едирне ќе пристигне во 12:18 часот.

Цената на билетот за воз од Едирне за Пловдид во првата категорија ќе изнесува 10,36 евра, додека во втората категорија 6,86 евра.



Слични вести