Мустафа Шентоп учествуваше на конференција на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп учествуваше на конференција на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и притоа најави дека претседателот Ердоган планира да ја посети Северна Македонија

1208317
Мустафа Шентоп учествуваше на конференција на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган планира да ја посети Северна Македонија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во изјавата за медиумите рече дека во Скопје е дојден за конференцијата организирана од Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) на тема „Визијата на глобалниот мир во новиот милениум“ и за ифтарот организиран под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје и во соработка на ИБУ, Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Општина Халилије од Турција. 

Шентоп рече дека посетата била планирана порано, но пради локалните избори во Турција и претседателксите избори во Северна Македонија била одложена.

„Покрај оваа посета, размислувам и за друга подолга посета, затоа што имаше покана од претседателот на македонскиот парламент. Таа покана е постојана. Според тоа ќе направиме програма", истакна Шентоп.

Тој додаде дека во рамките на посетата на земјата, се состанал и со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

„Му честитавме и ги пренесовме поздравите на нашиот претседател почитуваниот Реџеп Тајјип Ердоган. За кратко време се надевам дека ќе планираме и посета на нашиот претседател", истакна Шентоп. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Шентоп се осврна и на конференцијата на тема „Визијата на глобалниот мир во новиот милениум“ истакнувајќи дека на конференцијата зборувал општо за иднината на светот, во кој правец оди, позицијата на Турција, како и за иднината.

„На 28-30 јуни, на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) ќе се организира 5. Меѓународен конгрес за општествени науки. Ако немам некои обврски, планирам да дојдам и на тој конгрес. Тогаш ќе имам можности за пошироки средби и да се обаратам тука", рече Шентоп. 

На конференцијата на која свое обраќање имаше Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, а освен амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, присуствуваа и пратеници, политичари, дипломати, академици, преставници на турските институции во земјата и голем број гости. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести