Постигнат договор за коалициона влада во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Двете партии кои постигнаа договор за коалициона влада денеска во Парламентот ќе го потпишат владиниот протокол и потоа списокот во министри во владиниот кабинет ќе биде доставен до претседателот Мустафа Акинџи

1205931
Постигнат договор за коалициона влада во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Партијата за национално единство (УБП) и Народната партија (ХП) се договорија за формирање коалициона влада.

Според веста на Турската кипарска агенција (ТАК), двете партии кои постигнаа согласност за формирање коалициона влада, Партијата за национално единство (УБП) и Народната партија (ХП), денеска во Парламентот ќе го потпишат владиниот протокол и потоа списокот со министри во владиниот кабинет ќе биде доставен до претседателот Мустафа Акинџи.

Од страна на Партијата за национално единство (УБП), добиениот резултат од разговорите на претседателот на партијата Ерсин Татар со Народната партија (ХП) за формирање коалициона влада беа споделени со партиското собрание.

Народната партија (ХП) пак, по разглданиот резултат од разговорите во партиското собрание одлучи да формира коалициона влада со Партијата за национално единство (УБП).

Партиското собрание на Народната партија (ХП), одлуката за формирање коалицона влада со  Партијата за национално единство (УБП) ја донесе со 40 гласа “за“ наспроти 20 гласа „против“.

Инаку, на 8 мај претседателот на Демократската партија и министер за финансии Сердар Денкташ поднесе оставка на својата функција и во текот на наредните денови се распадна коалиционата влада формирана од 4 партии.

Потоа претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи мандатот за формирање на нова влада му го додели на претседателот на Партијата за национално единство (УБП) Ерсин Татар.



Слични вести