Каракачанов: Цената што ја бараат САД од нас за воените авиони Ф-16 е претерано висока и нелогична

„Цената што ја бараат САД од нас за воените авиони Ф-16 е претерано висока и нелогична“ - рече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов

Каракачанов: Цената што ја бараат САД од нас за воените авиони Ф-16 е претерано висока и нелогична

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на одржаната прес конференција во Софија истакна дека преговорите со Соединетите Американски Држави (САД) за купување на 16 воени авиони оваа земја од типот Ф-16 можат да резултираат со неуспех.

Велејќи дека Парламентот на Бугарија има одвоено 900 милиони евра буџет за купување на авионите, Каракачанов рече: „Цената што ја бараат САД од нас за воените авиони Ф-16 е претерано висока и нелогична“.

Тој истакна дека и покрај тоа што не влеваат надеж, преговорите со САД ќе продолжат.

Каракачанов посочи дека инситираат цената да се повлече на поволно ниво, исплатата да биде на рати и првите воени авиони да бидат предадени најдоцна за две години, а воедно напомена дека доколку не дадат резултат преговорите со САД, тие воени авиони можат да ги купат од Шведска. 

Како што се вели, бугарските воздушни сили располагаат со 16 воени авиони од типот МИГ од руско производство од кои што само 4 се во употреблива состојба, а другите се веќе застарени.

Парламентот на Бугарија на 16 јануари ја усвои одлуката за купување на нова ескадрила воени авиони и Владата ги започна преговорите со САД за купување на 16 воени авиони од оваа земја од типот Ф-16. 

 

 

 



Слични вести