Грчки авиони ги реализираа првите тест летови на НАТО во воздушниот простор на Северна Македонија

Министерството за одбрана на Северна Македонија соопшти дека грчки воени авиони ги реалзиираа првите тест летови во воздушниот простор на земјата, а во рамките на НАТО мисијата „Air Policing“ (Чување на воздушниот простор)

Грчки авиони ги реализираа првите тест летови на НАТО во воздушниот простор на Северна Македонија

Воени авиони на Грчките вооружени сили ги реалзиираа првите тест летови во воздушниот простор на Република Северна Македонија, а во рамките на НАТО мисијата „Air Policing“ (Воздушно патролирање).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана на Северна Македонија се истакнува дека се реализирани првите летови во рамките на мисијата за која станува збор и дека овие летови се реализирани од страна на грчки воени авиони.

Во соопштението се наведува дека тест летовите се реализирани со цел контрола на комуникациите и радарската покриеност на воздушниот простор на Северна Македонија и дека летовите се реализирани за исполнување и подготовка на условите во сферата на воздухопловството од страна на Северна Македонија, идната земја членка во НАТО. 

Инаку, мисијата „Air Policing“ е мирновременска задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздушните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, а со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.

 



Слични вести