Претседателот Мустафа Акинџи разговараше телефонски со Џејн Хол Луте

Портпаролот на претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Бариш Бурџу соопшти дека претседателот Мустафа Акинџи разговараше телефонски со Џејн Хол Луте, привремената специјална советничка на генералниот секретар на ОН

Претседателот Мустафа Акинџи разговараше телефонски со Џејн Хол Луте

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи оствари телефонски разговор со Џејн Хол Луте, привремената специјална советничка задолжена за Кипар од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Според веста на Турската агенција на Кипар (ТАК), портпаролот на претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Бариш Бурџу соопшти дека претседателот Мустафа Акинџи разговараше телефонски со Џејн Хол Луте, привремената специјална советничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН).

Портпаролот Бариш Бурџу истакна дека Џејн Хол Луте со назначување од страна на генералниот секретар на ОН ги продолжува своите разговори со страните во рамките на напорите за изнаоѓање решение за кипарскиот проблем.

Тој рече: „Во тие рамки вчера приквечер на барање на госпоѓа Луте господинот претседател Мустафа Акинџи оствари приближно 20 минутен телефонски разговор со неја. Господинот претседател на оваа средба уште еднаш го изнесе неговиот познат јасен став, направи проценка на состојбата со неја и размени мислења по прашањето на случувањата кои што би можеле да се доживеат во понатамошниот процес.“



Слични вести