Обилните дождови влијаат негативно на животот во Босна и Херцеговина

Поради силните дождови кои ги зафатија северните и централните делови на земјата ги преплавија своите корита реките Босна, Уна и Сана, а на одредени места дојде и до лизгања на земјиштето

Обилните дождови влијаат негативно на животот во Босна и Херцеговина

Обилните врнежи од дожд кои два дена како владеат во Босна и Херцеговина негативно влијаат на животот во оваа земја.

Поради силните дождови кои ги зафатија северните и централните делови на земјата ги преплавија своите корита реките Босна, Уна и Сана, а на одредени места дојде и до лизгања на земјиштето. 

Во градовите формирани на бреговите на реки како што се Бихаќ, Цазин, Сански мост, Бања Лука, Приједор, Маглај, Теслиќ беа поплавени куќи и работни места, а голем број граѓани како превентивна мерка ноќта ја поминаа надвор.

Како што се истакнува во градот Приједор се оштетени повеќе од 200 куќи, а во градовите Маглај и Сански Мост е прогласена „состојба на природна непогода“.

Од друга страна, поради поплавите се затворени за сообраќај и некои магистрални патишта.

Во Бања Лука, Теслиќ, Целинац, Нови Град и Лакташи се затворени училиштата.

Во поплавите и лизгањата на земјиштето нема човечки загуби и се вели дека обилните врнежи од дожд во текот на денот ќе го намалат своето влијание.

Инаку, во последните поплави во Босна и Херцеговина во мај 2014 година десетици лица го загубија животот, а приближно 20 илјади куќи беа оштетени.



Слични вести