Неповолно време во БиХ и Хрватска

Како последица на силните ветрови во Загреб, се скршија гранките на дрвјата во градот, поради што две лица биле повредени и голем број паркирани возила биле оштетени

Неповолно време во БиХ и Хрватска

Поројните дождови и силните ветрови кои почнаа синоќа неповолно се одразуваат врз секојдневниот живот во Босна и Херцеговина и Хрватска

Силните ветрови и поројните дождови во Хрватска беа причина за кршење на гранките на дрвјата во земјата, додека поплавите во Босна и Херцеговина нанесоа материјална штета на голем број домови и деловни простори.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за итна помош на Хрватска, како последица на силните ветрови во Загреб, се скршија гранките на дрвјата во градот, поради што две лица биле повредени и голем број паркирани возила биле оштетени.

Екипите за итна помош продолжуваат со активностите за утврдување на штетата и чистење на скршените гранки, додека од синоќа до сега добивме над 250 телефонски повици за помош, се истакнува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лошото невреме се очекува да продолжи и денес поради што на граѓаните им препорача да не излегуваат надвор.

Од друга страна пак, Босна и Херцеговина е една друга балканска земја која што потпадна под неповолното влијание на лошите временски услови. Како последица на поројните дождови во Бихач во североисточна Босна и Херцеговина, дојде до голем и критичен раст на водостојот на реката Уна, додека како последица на повремените поплави беа оштетени голем број куќи и деловни простори.

Врнежливото време во регионот се очекува да потрае цела недела.



Слични вести