Турција им додели бонови за храна на семејствата кои имаат потреба од помош во Северна Македонија

Турција им додели бонови за храна во вредност од по 1.000 денари на семејствата кои имаат потреба од помош во Северна Македонија, а кои ќе можат да ги користат за купување на прехранбени производи

Турција им додели бонови за храна на семејствата кои имаат потреба од помош во Северна Македонија

Претседателството за верски прашања на Турција и Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ (TDV), денеска во Скопје им доделија бонови за храна на семејствата кои имаат потреба од помош. 

Во рамките на програмата организирана во соработка со Консултанството за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, на семејствата кои имаат потреба од помош им беа доделени бонови во вредност од по 1.000 денари кои ќе можат да ги користат за купување на прехранбени производи.

На церемонијата организирана во овие рамки освен советникот за верски прашања при турската Амбасада во Скопје Мурат Алкан и претседателот на Одделот за земјите од Евроазија при Претседателството за верски прашања на Турција Омер Фарук Савуран, учествуваа и волонтери од Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ (TDV).

Со придонесите на Претседателството за  верски прашања на Турција и Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ (TDV) на 250 семејства им беа доделени бонови. На ист начин на 250 семејства им беа раздадени пакети со прехранбени производи за Рамазан.

Претседателството за верски прашања на Турција оваа година за време на месецот на постот Рамазан стои на темата помош т.ј. инфак. 

Во тие рамки им се раздава помош на лицата кои имаат потреба од помош во 323 области во 98 земји ширум светот.

 



Слични вести