Владина криза во Турската Република Северен Кипар

Вицепремиерот и министер за надворешни работи кој воедно е и претседател на Народната партија (ХП) Кудрет Озерсај вчера соопшти дека неговата партија донела одлука за напуштање на Владата

Владина криза во Турската Република Северен Кипар

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и претседателот на Републиканската турска партија (ЏТП) Туфан Ерхурман му ја предаде на претседателот Мустфа Акинџи оставката на својата влада.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи кој воедно е и претседател на Народната партија (ХП) Кудрет Озерсај вчера соопшти дека неговата партија донела одлука за напуштање на Владата.

Кудрет Озерсај истакна дека на одржаната гласање во Партиското собрание со 55 гласа „за“ и 4 гласа „против“ била донесена одлука за напуштање на Владата.

Озерсај рече: „Дали ќе останеме во опозицијата, дали ќе водиме разговори за составување Влада, за тоа ќе одлучи Партиското собрание.“

Кудрет Озерсај на одржаната прес конфренција направи прценка на 15 месечната работа на Владата и како причини за напуштање на Владата ги изнесе изнајмувањето под кирија на земјиштето од страна на Министерството за финансии и „кризата на доверба“.



Слични вести