САД му честитаа на новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Морган Ортагус објави писмено сооштение во врска со одржаните претседателски избори во Северна Македонија

САД му честитаа на новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски

Соединетите Американски Држави (САД) му честитаа на Стево Пендаровски за изборот за нов претседател на Република Северна Македонија, на вториот круг од претседателските избори кои што се одржаа на крајот на минатата недела.

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Морган Ортагус објави писмено сооштение во врска со одржаните претседателски избори во Северна Македонија.

Ортагус во соопштението вели: „САД му честитаат на Стево Пендаровски за извојуваната победа на претседателските избори во Северна Македонија.“

Портпаролката Ортагус им се заблагодари на граѓаните на Северна Македонија кои излегоа да гласаат и истакна дека изборите беа мирни и конкурентни, а резултатот ја потврдува вољата на народот.

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Морган Ортагус исто така напомена дека САД се силен партнер на Северна Македонија и го нагласи следното: „Вашинтон е подготвен да соработува со новоизбраниот претседател Пендаровски, со Владата и со сите политички партии во моментите кога Северна Македонија се подготвува да стане 30. членка на НАТО Алијансата и прави напредок како идна членка на ЕУ.“

 

 



Слични вести