Папата Франциск во посета на Северна Македонија: Вашата земја претставува мост меѓу Истокот и Западот

Духовниот лидер на католичкиот свет Папата Франциск допатува во посета на Северна Македонија од каде што порача: „Вашата земја претставува мост меѓу Истокот и Западот“

papa mekedonyada 2.jpg
papa mekedonyada.jpg
papa mekedonyada 1.jpg
papa k.madekonya.jpg
papa k.makedonya1.jpg
papa k.makedonya2.jpg

„Вашата земја претставува мост меѓу Истокот и Западот, и место каде се сретнуваат културни струи, каде се обединувааат многу посебни карактеристики на овој регион“, истакна папата Франциск во своето обраќање пред државниот врв на Северна Македонија и дипломаскиот кор, во Претседателската Вила „Водно“.

Откако беше примен со свечена церемонија од страна на претседателот на Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов, папата Франциск во своето обраќање им се заблагодари на претседателот Иванов и премиерот Заев на поканата за посета на земјата, поздравувајќи ги сите присутни, претставнците на политичкиот врв во земјата, претставниците на граѓанскиот сектор, претставниците на религиозните заедници, меѓу кои и католичката заедница, за која рече дека е составен дел од општеството на Северна Македонија.

Во своето обраќање папата Франциск рече дека за првпат наследник на апостол Петар доаѓа во Република Северна Македонија и дека за него тоа е радост што може да го направи на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Ватикан и Северна Македонија, кои започнаа неколку години, по прогласување на независноста во септември 1991 година.

„Вашата земја претставува мост меѓу Истокот и Западот и место каде што се среќаваат културни струи, каде што се обединувааат многу посебни карактеристики на овој регион. Важните сведоштва од византиското и отоманското минато, цврстите тврдини на планините и прекрасните иконостаси на старите цркви ја покажуваат христијанската присустност од времето на апостолите. Се истакнува нејзината богата култура што ја наследила“, истакна папата Франциск.

Тој потенцираше дека ова кулурно богаство претставува огледало на најважното и најценетото наследство на Северна Македонија, а тоа е, како што рече, мултиетничниот и мултирелигискиот состав, што, како што рече е плод на богатата историја, но и на заплетените комплексни односи воспоставени во минатите векови.

„Оваа мешавина од различни етнички припадности овозможи да се постигне мирен и долг сожиот, во кој различните идентитети знаеја како да се изразат и да се развиваат без да ги угнетуваат и дискриминираат останатите. На тој начин се воспостави уште подобар однос од толеранцијата“, рече папата.

„Овие карактеристики се од голема важност за патот кон што побрза интеграција во европските земји. Посакувам оваа интеграција да се одвива позитивно за целиот Западен Балкан, како и тоа дека секогаш ќе се одвива почитувајќи ги различностите и основните права“, истакна папата Франциск во својот говор.

За различните етнички и верски заедници во Северна Македонија рече дека се мозаик во кој секое камче е неопходно за оригиналноста и убавината за целата слика, која ќе може да се всади во срцата на идните генерации.

Папата Франциск во своето обраќање се осврна и на придонесот кој го имаше Северна Македонија за време на мигрантската криза, истакнувајќи дека земјата направила великодушен напор и преку нејзинте државни органи и преку придонесот од разни меѓународи организации, овозможила и дала помош на големиот број мигранти од разни земји од Блискиот Исток, за кои рече дека бегаа од војна или од услови на екстремно сиромаштво често предизвикани од воени интервенции.

„Кога во 2015 и 2016 година ги преминаа вашите граници, најголем дел од нив насочувајќи се кон северните и западните делови на Европа најдоа кај вас валидно засолниште. Навремената солидарност која им се понуди на оние кои тогаш имаа наголема потреба, затоа што покрај домот, работата и татковината ги беа загубиле нивните најсакани, ве прави честити и зборува за душата на овој народ кој знае како е да се нема, и како солидарноста и споделувањето на средствата претставува начин за суштински равој“, истакна папата Франциск и додаде:

„Се надевам дека ќе се зачува оваа нишка на солидарност која ве одбележа во секое добротворно служење за сите оние што немааат.“

Меѓу другото, папата рече дека сака да оддаде почит на Мајка Тереза која на скопјаните им е сограѓанка, а која поттикната од Божјата љубов предизвика восхит во целиот свет со тоа што се стави во служба на отфрлените и најсиромашните.

Бог да ја чува и благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата да ѝ даде просперитет и радост“, порача папата Франциск во својот говор во Вилата „Водно“.

Меѓу присутните во Вилата „Водно“ беше и новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и други министри и членови на владината делегација.

Утрово, папата Франциск беше пречекан од претседателот на Северна Македонија Ѓорѓе Иванов, и премиерот Зоран Заев на Меѓународниот аеродром Скопје, а потоа со свечена церемонија беше пречекан од Иванов и на платото пред Претседателската палата, Вилата „Водно“.

Во рамките на посетата на Северна Македонија во текот на денот, во Спомен-куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје, папата Франциск оствари средба со верски лидери и со роднини на Мајка Тереза.

По средбата со верските лидери, во амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза, папата Франциск имаше средба и со ранлива група граѓани. 

Потоа на централниот градски плоштад „Македонија“ во Скопје, папата одржи света литургија на која присуствуваа илјадници граѓани.

По литургијата, папата Франциск ја посети Католичката црква во Скопје, каде што оствари екуменска и меѓурелигиска средба со младите.

Исто така, во Католичката црква е најавено дека папата ќе има средба и со свештениците и нивните семејства. Според агендата, по посетата на Католичката црква, на Меѓународниот аеродром „Скопје“, папата Франциск ќе биде испратен со воена почесна гарда, со што официјално завршува неговата посета на Северна Македонија. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести