Повик од Папата Франциск до Бугарија да не ги затвора своите врати за мигрантите

Папата Франциск истакна дека Бугарија поради нејзините искуства од историјата многу добро знае што значи миграцијата и упати повик до оваа земја да не ги затвора своите врати за мигрантите

papa bulgaristan.jpg
papa bulgaristan1.jpg

Духовниот лидер на католичкиот свет Папата Франциск во рамките на својата официјална посета на Бугарија, по остварената средба со бугарскиот претседател Румен Радев имаше свое обраќање на плоштадот „Кнез Александар“ во Софија.

Папата Франциск  укажа на тоа дека Бугарија се наоѓа на точка (раскрсница) каде што се пресекуваат безброј култури и цивилизации, дека Таа е мост помеѓу Источна и Јужна Европа и врата која што се отвора кон Блискиот исток и дека според него, тоа не е проблем, туку богатство.

Папата истакна дека исто како и другите европски земји и Бугарија се соочува со проблем со населението, и дека освен нискиот наталитет и ситуациите како миграцијата и војните имаат удел во овој проблем.

Освен тоа велејќи дека Бугарија поради нејзините искуства од историјата многу добро знае што значи миграцијата, папата Франциск упати повик до Бугарија да не ги затвора своите врати за мигрантите, кои поради различни причини биле принудени да ги напуштат своите земји. 

Бугарскиот претседател Румен Радев пак, укажа на тоа дека историјата на земјата е исполнета со војна и страдања и дека затоа ја знаат драгоценоста на мирот и дека само на стотина метри далеку од плоштадот црквата, синагогата и џамијата со векови успеале да се одржат една покрај друга.

Папата Франциск во Софија се состана и со патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит.

Денеска пак, ќе го посети градчето Раковски каде што живеат претежно католици, а во Софија ќе се состане со мигрантите.

Потоа Папата Франциск во вторник (утре) ќе допатува и во Северна Македонија каде што ќе се сретне со државниот врв, дипломатскиот кор и со други претставници, како и со сиромашните, а во овие рамки на централниот градски плоштад ќе одржи и литургија.



Слични вести