Утре во Северна Македонија се одржува вториот круг од претседателските избори

Во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови во првиот круг, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова

Утре во Северна Македонија се одржува вториот круг од претседателските избори

Граѓаните на Северна Македонија утре ќе излезат да гласаат на вториот круг од претседателските избори.

Двајцата кандидати кои во првиот круг од изборите кои беа одржани на 21 април освоија најмногу гласови Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова ќе се натпреваруваат во вториот круг за да станат петти претседател на државата. 

Новиот претседател ќе има мандат од 5 години.

За вториот круг од изборите се регистрирани вкупно 1 милион 808 илјади 131 гласач со право на глас.

Гласањето ќе започне утре во 07:00 часот, а ќе заврши во 19:00 часот по локално време. 

Според официјалните резултати од првиот круг од претседателските избори на 21 април, Стево Пендаровски  подржан од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и предводен од актуелната владина коалиција освои 42,81 отсто од гласовите, а Гордана Силјановска-Давкова поддржана од коалицијата предводена од главната опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ доби 42,25 отсто од гласовите на бирачите.

Процентот на освоени гласови на кандидатот од албанско потекло Блерим Река пак, подржан од опозициските албански партии Алијанса на Албанците и Движењето БЕСА изнесуваше 10,60 отсто.

Според тоа на утрешниот втор круг ќе се натпреваруваат двајцата кандидати за претседател на државата со најмногу освоени гласови, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. 

Согласно Уставот, за валидност на вториот круг од претседателските избори процентот на учество треба да изнесува најмалку 40 отсто. 

Во првиот круг процентот на учество изнесуваше 41,67 отсто. 

Доколку утре во вториот круг не се обезбеди неопходниот процент на излезеност се повторува целата изборна постапка.

Од друга страна се наведува дека со цел за наредните избори да се намали цензусот од 40 отсто за валидност на изборните резултати би можеле да се стават во примена и опциите за измена во Уставот или избор на претседателот во Собранието. 

Во оваа состојба се вели дека до изборот на новиот претседател на државата оваа функција ќе ја води претседателот на Собранието.

Мандатот на актуелниот претседател на Северна Македонија Ѓорге Иванов истакнува на 12 мај.



Слични вести