Самит за балканските земји во Берлин

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека бараат решение за продолжување на дијалогот

1192412
Самит за балканските земји во Берлин

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека бараат решение за продолжување на дијалогот.

Самитот на Западнобалканските земји на кој учествуваа лидерите на Западнобалканските земји се одржа во Берлин.

По состанокот на кој учествуваа францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел Вучиќ даде изјавата за медиумите.

Вучиќ рече дека на разговорите го повторил барањето за укинување на данокот на производите од 100 насто кој од ноември наваму се спроведува од страна на Косово за производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина, потенцирајќи дека се обдиеле да најдат решение за продолжува на дијалогот со Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека бил вџашен од остриот став на албанската страна на состанокот кој траеше долго. Во јули повторно ќе се состанеме во Париз. Се надевам дека до тогаш ќе изнајдеме начин за продолжување на дијалогот.

Во освртот на погледите и ставовите на Макрон и Меркел во врска со Западен Балкан, Вучиќ рече дека двајцата лидери придаваат големо значење на стабилноста на регионот. Во продолжение Вучиќ додаде дека без претходно да бидат решени одредени проблеми, не можеме да кажеме дека сме среќни и задоволни. Не можам да кажам дека средбите поминаа безуспешно.

Состаноците поминаа тешко. Не можеме да кажеме дека постигнавме конкретни резултати.

Хашим Тачи посочи на можноста за силната поддршка на САД на дијалогот меѓу Косово и Србија, потенцирајќи дека спроведувањето 100 насто данок од страна на Косово за производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина, земјите кои не не признаваат е право.

Тачи упати повик до Меркел да го разубеди Вучиќ околу признавањето на Косово од страна на Србија и подвлече дека според сегашната ситуација заедничката проценка на состанокот е дека постигнавме согласност да не се согласност.

Претседателот на советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ рече дека на средбите размениле мислења во врска со процесот на пристапувањето на БиХ и другите балкански земји во ЕУ и дека беше подвлечено на лошата политичка стабилност на Балканот.



Слични вести