Претседателските избори во Северна Македонија ќе продолжат во вториот круг

Пендаровски освои 42,84 отсто, а кандидатката на опозицијата Силјановска Давкова 42,24 отсто

1187585
Претседателските избори во Северна Македонија ќе продолжат во вториот круг

Според последните податоци од претседателските избори во Северна Македонија, кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова останаа во вториот круг.

Според соопштението на Државната изборна комисија (ДИК), 99,69 отсто од гласачките кутии се отворени. На изборите води кандидатот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) Стево Пендаровски со 42,84 отсто освоени гласови. Кандидатот на главната опозициона ВМРО-ДПМНЕ партија Гордана Силјановска Давкова освои 42,24 отсто од гласовите.

Претседателскиот кандидат на опозициските партии од албанскиот блок Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА, Блерим Река освои 10,58 отсто од гласовите. Вкупниот број на неважечки гласови изнесува 4,34 отсто.

Одѕивот на гласачите на изборите изнесуваше 42 отсто од севкупното население.

Според овие резултати, во вториот круг ќе се натпреваруваат Пендаровски и Силјановска Давкова.

Според уставот, одѕивот на гласачите на вториот круг од изборите треба да изнесува најмалку 40 отсто од севкупното население.

Избраниот претседател на 5 мај ќе биде петтиот по ред претседател на Македонија.



Слични вести