Каде се припадниците на ФЕТО од Северна Македонија кои се бараат за екстрадиција?

Прашањето за НАТО во македонските медиуми

1186622
Каде се припадниците на ФЕТО од Северна Македонија кои се бараат за екстрадиција?

На почетокот на април, во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше министерот за национална одбрана на Република Турција Хулуси Акар, при што ја актуализираше темата во врска со екстрадицијата на припадниците на терористичката организација ФЕТО.

Во рамките на посетата, Акар се состана и со министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, по што одржаа и заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата, турскиот министер за одбрана рече дека се запознаени со постоењето на структурите на терористичката организација ФЕТО во Северна Македонија, додавајќи дека по тоа прашање има голем број на активности меѓу властите на двете земји. Истакнувајќи дека во корист на двете земји е со преземање конкретни чекори ослободување од терористичките неволји, Акар истакна дека овие лица ги саботираат братските и пријателски односи меѓу двете земји.

Акар потсети дека турските институции споделиле некои имиња со македонските институции, велејќи дека им верува на македонските власти и дека верува оти македонската страна ќе ги преземе потребните чекори.

По посетата на Акар на Северна Македонија и неговата изјава, македонските медиуми почнаа да ја актуализираат темата за екстрадиција на припадниците на терористичката организација ФЕТО, а претставниците на власта на медиумите им соопштија дека веќе се водат постапки за екстрадиција на припадниците на ФЕТО.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со екстрадицијата на припадниците на ФЕТО од Северна Македонија рече дека постапките што се однесуваат на екстрадиција на припадниците на ФЕТО коишто се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија ги води Министерството за правда.

„Моите информации говорат дека се работи за 15 лица од кои што 2 веќе не се на територија на државата. Меѓутоа, подетални информации ќе мора да побарате во Министерството за правда, до каде се постапките и кога би се реализирале”, изјави Спасовски.

- Прашањето за НАТО во македонските медиуми -

Од друга страна, министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, беше запрашана: „Дали барањето на Турција за екстрадиција на припадниците на ФЕТО може да го доведе во прашање членството на Северна Македонија во НАТО?“, бидејќи за потполно членство на Северна Македонија во НАТО потребно е протоколот за членство во НАТО да биде потпишан од парламентите на сите земји членки на Алијансата. На ова прашање, министерката Шекеринска одговори: „Ние се трудиме со секоја од земјите што ни била сојузник и која силно го поддржувала нашето НАТО членство да обезбедиме целосна поддршка на нашиот НАТО процес и да ги подобруваме нашите меѓусебни односи.“

Во врска со екстрадицијата на припадниците на ФЕТО од Северна Македонија, своја оценка даде и Зоран Заев, премиерот на Република Северна Македонија, кој истакна дека ќе се почитува националното и меѓународното законодавство. Премиерот Заев изјави дека ја поддржува борбата на Турција против ФЕТО, а во една претходна изјава, за ФЕТО го користеше терминот „терористичка организација“.

- Изјава на Министерството за правда на Северна Македонија -

На прашањата на Anadolu Agency (AA) во врска со деталите околу екстрадицијата на припадниците на ФЕТО, Министерството за правда на Северна Македонија даде писмен одговор.

Министерството за правда на Северна Македонија во одговорите наведува дека во 2018 и 2019 година, ова министерство работело на повеќе предмети за екстрадиција, на барање на Република Турција.

„Министерството за правда за сите овие барања се обрати до Судот во врска со понатамошната постапка. Во моментот се водат 15 предмети-барања за екстрадиција за кривични дела од областа на тероризмот. Сите постапки се во тек и надлежните органи се во комуникација“, се вели во писмениот одговор.

Во врска со екстрадицијата на припадниците на ФЕТО беа запрашани и претставниците на Основниот суд во Скопје. Во одговорот на Основниот суд се вели дека од Министерството за правда немаат добиено посебно барање во форма на листа со 15 имиња за кои се бара екстрадиција, како припадници на терористичката организација ФЕТО.

Меѓутоа, тие истакнаа дека од Министерството за правда до судот постојано, на дневна основа, пристигнуваат барања за екстрадиција или други дејствија за разни лица, алудирајќи дека барањата за екстрадиција на припадниците на терористичката организација ФЕТО не доаѓаат како една единствена листа, туку одвреме навреме тоа се случува во форма на индивидуални барања за екстрадиција.

Освен тоа, претставниците на Судот рекоа дека во барањата за екстрадиција што ги добиваат од Министерството за правда, стои името и презимето на лицето за кое се бара екстрадиција, но не и причината или делото за што се бара.

- Каде се припадниците на ФЕТО кои се бараат за екстрадиција?

Додека се чека на конкретни чекори од страна на институциите во земјата, се одржуваат и некои судски рочишта поттикнати од припадниците на ФЕТО во земјата кои покренале тужби против одредени лица. Во овие случаи, интересен е фактот што на овие рочишта во континуитет веќе не се појавуваат припадниците на ФЕТО, иако тие се оние кои тужат, туку се појавуват само нивните адвокати, а образложенијата за нивното неприсуствување на рочиштата е дека тие се во странство на лекување, како и дека поради таквите наводни причини не се во можност да присуствуваат на судските рочишта.

Доколку се земе предвид дека постапка за екстрадиција на 15 лица припадници на ФЕТО што се води од страна на македонските власти, од кои двајца веќе не се во земјата, логично се поставува прашењето дали тогаш токму тие лица кои не се појавуваат на судските рочишта се всушност оние „исчезнати“ кои се бараат за екстрадиција? Доколку не се тука тогаш каде се? Дали ќе бидат екстрадирани? Или ова е некоја тактика со која се подигаат тужби против други лица со цел да им се изгубат трагите на припадниците на ФЕТО?

Во овој момент се поставува прашањето дали Северна Македонија ќе делува во согласност со претходно дадените ветувања.

- И претседателски кандидат запрашан за ФЕТО -

За екстрадицијата на 15 припадници на ФЕТО беше запрашан и Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија од владејачката коалиција предводена од СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија), кој беше гостин на една телевизиска програма во која одговараше на прашањата за новинарите.

На прашањето „Доколку седнете со Ердоган на маса, знаејќи го неговиот однос кон припадниците на ФЕТО, што би му кажале? Што би рекле доколку поради оваа тема дојде до ставање вето на членството во НАТО?“, Пендаровски не даде конкретен одговор, велејќи дека тоа што Турција го бара е легитимно од нивен аспект, но Северна Македонија има свои закони и преземените чекори мораат да бидат во согласност со законите. Пендаровски, истакнувајќи дека Турција секогаш била силен поддржувач на членството на Северна Македонија во НАТО, рече: „Бидејќи е наш пријател, очекувам така да остане и во иднина, но оваа земја има свои закони“.

На прашањето на друг новинар: „Доколку Турција реши да стави вето на членството на земјата во НАТО, со цел екстраиција на припадниците на ФЕТО“, Пендаровски одговори: „Ако реши да стави, ние на тоа не можеме да се спротивставиме“.

Од различни извори се дознава дека западните земји прават притисок на споменатите 15 лица да им се додели македонско државјанство со цел да се спречи екстрадицијата на овие лица на Турција.



Слични вести