На антивладините протести во Тирана се повредени голем број полицајци и демонстранти

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Албанија беше соопштено дека во нередите до кои што дојде помеѓу демонстрантите и полицијата се повредени 5 мина припадници на безбедносните сили, како и 15 демонстранти

1183068
На антивладините протести во Тирана се повредени голем број полицајци и демонстранти

На одржаните антивладини протести во главниот град на Албанија, Тирана, се повредени голем број полицајци и демонстранти.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Албанија беше соопштено дека во нередите до кои што дојде помеѓу демонстрантите и полицијата се повредени 5 мина припадници на безбедносните сили.

Централната десничарска партија Демократската партија и централната левичарска партија Социјалистичкото движење за интеграција пак, од чија страна беа одржани протестите на кои се бараше оставката на албанскиот премиер Еди Рама, поради употребата на бибер гас од страна на полицијата, се повредени 15 демонстранти.

Демонстрантите кои посакаа да тргнат кон владината зграда извикуваа слогани како што беа „Влада замешана во корупција“ и „Злосторнички Парламент“.

Инаку, опозицијата во Албанија два месеци како одржува протести на кои ја бара оставката на премиерот Еди Рама кој од 2013 година се наоѓа на власт во оваа земја.



Слични вести