Наставниците во Грција штрајкуваат против измените во наставната програма во училиштата

Денес нема да се одржи настава во сите основни и средни училишта

Наставниците во Грција штрајкуваат против измените во наставната програма во училиштата

Наставниците во Грција штрајкуваат 24 часа против предлог-законот со кој се предвидуваат измени во содржината на наставната програма во основните и средни училишта како и критериумите за упис на факултет.

По повод штрајкот кој започна денес на повикот на Федерацијата на основните и средни училишта (ОЛМЕ), нема да се одржи настава во сите основни и средни училишта.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Фондацијата ОЛМЕ, во рамките на штрајкот се организираат протести во Атина, Патра и Солун за повлекување на предлог-законот на Министерството за образование доставен до Собранието.



Слични вести