Расистички напад врз џамија во БиХ

Цртањето „4С“ на ѕидовите на историската џамија која повторно се гради,  а кој симбол е познати како „Само Слога Србина Спасав“ и нацистичките кукасти крстови предизвикаа реакции

Расистички напад врз џамија во БиХ

На ѕидовите на џамијата Арнаудије во Бања Лука која беше срушена до темел од страна на Србите во периодот на војната од 1991 до 1995 година во Босна и Херцеговина, а чија изградба продолжува од страна на Генералната дирекција на фондовите беа нацртани кукасти крстови и симболот на екстремните српски националисти „4С“.

Цртањето „4С“ на ѕидовите на историската џамија која повторно се гради,  а кој симбол е познати како „Само Слога Србина Спасав“ и нацистичките кукасти крстови предизвикаа реакции.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Република Српска, еден од двата ентитети на Босна и Херцеговина беше истакнато дека започнале истрага за откривање на сторителите на овој гнасен напад.

Во соопштението беше истакнато дека остро се осудуваат овој вид гнасни напади кои соржат екстремни и националистички реторики.

Џамијата Арнаудије која беше изградена во 1595 година во Бања Лука, во 1993 година од страна на Србите беше срушена до темел.. Генералната дирекција на вакафите со повторната изградба на џмаијата започна во 2017 година.



Слични вести