Помош во храна и облека за Северна Македонија од Турција

Здружението АНДА дистрибуираше 600 пакети храна, 150 пакети училиштен прибор за децата и училишни униформи. Здружението своите активности ќе ги спроведе и во Косово

Помош во храна и облека за Северна Македонија од Турција

Здружението АНДА – Верност за братот од Турција, денес додели помош во храна и облека на Здружението „Јакуп Ефенди“, од село Дебреште, општина Долнени, јавува Anadolu Agency (AA).

На доделувањето на помошта присуствуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, директорот на институтот „Јунус Емре“, Скопје, Серхат Кула, претседателот на Асоцијацијата на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, и претставници на турските институции во земјата.

Амбасадорката Кара во својот говор, заблагодарувајќи се на Здружението АНДА, рече дека ова е посебен и многу убав ден.

Таа, обраќајќи се на граѓаните, рече дека Турција со сите институции секогаш ќе биде покрај нив.

- „Заедно да се бориме против тероризмот"

Амбасадорката Кара, барајќи поддршка од сонародниците во борбата против тероризмот, истакна: „Јас имам една молба до вас. Дојдете заедно да се бориме против тероризмот“.

„Терористичките организации ги прават сите зла што се во нивните раце за да ја уништат Турција“, рече Кара и додаде: „Пријатели, ФЕТО е терористичка организација. Ова го кажуваме многу јасно. Тука се нивните училишта, колеџите Јахја Кемал и нивниот таканаречен весник, за кого не можеме да кажеме дека е весник. Затоа што тие се една медиумска институција која од почеток до крај се полни со лажни вести”.

Амбасадорката Тулин Еркал Кара, исто така, истакна дека се должни да ги информираат властите во Северна Македонија во однос на ФЕТО.

„Откако Република Турција ќе се исчисти од овие нечистотии, Република Турција уште повеќе ќе се зголеми, уште повеќе ќе зајакне, уште повеќе ќе се развие. Помошта за вас, пријатели, секогаш ќе се зголемува. Но, очекувам заедничка борба. Тогаш, од нас посакајте сѐ што ќе сакате, затоа што пред силна Турција никој не може да застане. Само ние да ја одбраниме солидарноста и единството. Доволно е да застанеме пред оваа терористичка организација”.

Амбасадорката, истакнувајќи дека во овие краишта израснати се прекрасни вредности, нагласи: „Во овие краишта израсна Мустафа Кемал Ататурк. Јахја Кемал Бејатли. Дојдете сите заедно името на Јахја Кемал да го исчистиме од оваа проклета организација. Дојдете сите заедно, со едно срце да се движиме, и ова скапоцено име да го исчистиме од тие лоши, проклети училишта”.

Амбасадорката Кара, нагласувајќи дека нивната цел е истите настани да не се случат во земјава, рече: „Нашите напори се во пријателската и братска земја, да продолжи мирот и просперитетот. Но, ние одејќи по сите општини, области, на секој поединец еден по еден ќе раскажеме за тоа што се случи таа ноќ и што направи таа организација. Верувам дека и надлежните органи ќе го преземат својот дел од одговорноста и се надевам дека и тука ќе се води искрена борба против ФЕТО”.

Кара, заблагодарувајќи се на Здружението АНДА, рече: „Не заборавајте, Република Турција постојано е со вас, и секогаш ќе биде покрај вас. Добро е што ве има, Господ да ја зголеми вашата бројка”.

Окан Тосун, претседателот на Здружението АНДА, истакнувајќи дека носи поздрави од Турција, рече дека во Дебреште доаѓа по втор пат.

„Понатаму ќе доаѓаме почесто. Сакаме со вас да ги споделиме и вашите проблеми и вашите радости. Се надевам дека како внуци од ист дедо понатаму ние ќе бидеме до вас. Ви благодарам што нѐ пречекавте олку срдечно”, рече Тосун.

Претседателот на Здружението „Јакуп Ефенди”, Џемил Садулах, рече дека во соработка со Здружението АНДА до семејствата ќе се дистрибуираат пакети со помош.

Здружението АНДА во областа дистрибуираше 600 пакети храна, 150 пакети училиштен прибор за децата и училишни униформи. Здружението своите активности ќе ги спроведе и во Косово.



Слични вести