Министерот Спасовски најави екстрадиција на 15 припадници на ФЕТО за кои се води постапка во земјата

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски истакна дека постапките за екстрадиција на 15 припадници на ФЕТО кои се наѓаат во земјата се водат од страна на Министерството за правда

Министерот Спасовски најави екстрадиција на 15 припадници на ФЕТО за кои се води постапка во земјата

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски по учеството на брифингот со дипломатите за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ во Скопје, одговараше на новинарски прашања.

Министерот Спасовски беше запрашан и во врска со можната екстрадиција на припадниците на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Спасовски истакна дека постапките за екстрадиција на 15 припадници на ФЕТО кои се наѓаат во земјата се водат од страна на Министерството за правда.

„Постапките што се однесуваат на екстрадицијата на припадниците на ФЕТО организацијата кои што се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија ги води Министерството за правда. Моите информации говорат дека се работи за 15 лица од кои што 2 веќе не се на територијата на државата. Меѓутоа подетални информации ќе мора да побарате во Министерството за правда, до каде се постапките и кога би се реализирале,” - изјави министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски.

Инаку, министерот за национална одбрана Хулуси Акар во среда престојуваше во официјална посета на Република Северна Македонија каде што оствари низа средби и разговори на највисоко ниво.

Министерот Хулуси Акар на одржаната заедничка прес конференција со својата колешка министерката за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска на која истакна дека постојат информации по прашањето на присуството на одредени структури на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во Северна Македонија.

Акар напомена дека во тој контекст има нови моменти и рече: „Се надевам дека во наредиот период ќе се направат конкретни мерки за да и двете земји се спасат од оваа терористичка организација, бидејќи им наштетува на односите на двете земји, на некој начин го саботира нашето пријателство и братските односи. Имаме имиња на некои од поглавните лица чии имиња се споделени помеѓу институциите на двете земји. Длабоко сум убеден дека во наредните денови институциите во Северна Македонија ќе преземат конкретни мерки и им веруваме на институцииите на земјата.“

 



Слични вести