Министерот Хулуси Акар се состана со претседателот на Северна Македонија Ѓорге Иванов

„На средбата беше разговарано за билатералните односи, за соработката во областа на одбраната и безбедноста, како и за актуелните состојби поврзани со интеграцијата на Македонија во НАТО“, беше соопштено од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов

1176946
Министерот Хулуси Акар се состана со претседателот на Северна Македонија Ѓорге Иванов
Hulusi Akar Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı İvanov görüşme.jpg
Hulusi Akar Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı İvanov.jpg

Во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со претседателот Ѓорѓе Иванов.

„На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција, за соработката во областа на одбраната и безбедноста, како и за актуелните состојби поврзани со интеграцијата на Република Македонија во НАТО“, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.

Се наведува дека претседателот Иванов и министерот Акар го истакнале интензивното ниво на соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, преку редовни контакти на ниво на министерства за одбрана и на армиско ниво.

„Во тој контекст, македонскиот претседател ја поздрави соработката во областа на одбраната и изрази задоволство од севкупната поддршка која Армијата на Република Македонија ја добива од страна на Република Турција, како од аспект на финансиска, така и практична и техничка поддршка, преку учество во заеднички обуки, вежби и мисии“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Се додава дека двајцата соговорници изразиле подготвеност за натамошно јакнење на билатералните односи и за продлабочување на меѓуармиската и безбедносната соработка.

На средбата кај претседателот Иванов, присуствуваше и амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на посетата на Северна Македонија се состана и со претседателот на Собранието на оваа земја Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, како и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска со која одржаа заедничка прес-конференција.

(Anadolu Agency-AA)



Слични вести