Сараевскиот бизнис форум - Балкански Давос

Во текот на 10 годишниот период од инвеститорска конференција прераснаа во големо движење кое ги обедини јавниот и приватниот сектор

1176207
Сараевскиот бизнис форум - Балкански  Давос

На годинашниов 10-ти Сараевски бизнис форум се очекува рекордно учество.

Форумот кој е познат и како „Балкански Давос“ и на кој секоја година учествуваат високи претставници од балканските земји годинава ќе се одржи од 17 до 19-ти април.

Главен партнер за комуникации на Бизнис форумот којшто се одржува под покровителство на Босна банк интернејшнл (ББИ) и Исламската банка за развој е Агенцијата Анадолија и има за цел да ги привлече странските инвестиции во земјата и да ги спречи миграциите.

Генералниот директор на ББИ Амер Буквиќ во изјавата за Агенцијата Анадолија рече дека секоја година расте бројот на учесниците на бизнис форумот. Годинава очекуваме рекордно ниво на посетеност од околу 2 илјади учесници.

Буквиќ рече дека во текот на 10 годишниот период од инвеститорска конференција прераснаа во големо движење кое ги обедини јавниот и приватниот сектор, кој настан има големо значење за Босна и Херцеговина.

Во продолжение Буквиќ додаде декана годинашниов форум кој се одржува под слоганот „Еден регион – една економија“ се состануваат и регионалните земји.

Буквиќ на крајот потенцираше дека треба да се промени имиџот на Босна и Херцеговина и целиот регион.



Слични вести