Мостот во Мостар во чест на убиените муслимани осветлен во боите на Нов Зеланд

Претседателот на Управниот одбор на Центарот за мир и мултиетничка соработка Алија Бехрам истакна дека мостот во Мостар е осветлен во чест на жртвите во терористичкиот напад во градот Крајстчерч во Нов Зеланд

Мостот во Мостар во чест на убиените муслимани осветлен во боите на Нов Зеланд

Историскиот мост во Мостар, едниот од најзначајните симболи на Босна и Херцеговина, во чест на муслиманите кои го загубија животот во терористичкиот напад на двете џамии во петокот за време на клањање на џума намазот (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, е осветлен во боите на знамето на Нов Зеланд.

Стариот мост во Мостар кој се наоѓа во списокот на историското наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (ОН) УНЕСКО, беше осветлен во боите на новозеландското знаме во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка.

Претседателот на Управниот одбор на Центарот за мир и мултиетничка соработка Алија Бехрам истакна дека извршениот терористички напад на двете џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд наиде на одек во целиот свет.

Велејќи дека мостот е осветлен за да се покаже дека се осудува терористичкиот напад, Алија Бехрам напомена дека се во солидарност со блиските на жртвите во овој напад.

Во реализираниот терористички напад на две џамии со пауза од 10 минути за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд животот го загубија 50 лица.

 



Слични вести