Формирана нова политичка партија на Албанците "АлтернАтивА" во Северна Македонија

Во салата на Македонската опера и балет во Скопје во присуство на стотина симпатизери се одржа промотивната церемонија на новоформираната политичка партија на Албанците "АлтернАтивА"

Makedonya'da Arnavutların yeni AlternAtivA Partisi Genel Başkanı Afrim Gashi.jpg
makedonya.jpg

Во Северна Македонија е формирана нова политичка партија на Албанците по име "АлтернАтивА".

Во салата на Македонската опера и балет во Скопје, во присуство на стотина симпатизери, се одржа промотивната церемонија на новоформираната политичка партија "АлтернАтивА".

На церемонијата беа претставени членовите на Централното собрание на партија, кои порано го имаат избрано и новото централно раководство.

За претседател на партијата е избран Африм Гаши кој во говорот што го одржа во оваа пригода велејќи дека АлтернАтивА е отворена за сите и нагласи дека ќе продолжи да е во комуникација сите политички фактори во и надвор од земјата, во име на отворање на нејзиниот евро-атлански пат.

Африм Гаши рече: „Одсега, и како држава и како народ сме дел од алијансата за безбедност која почнува со САД, ги вклучува земјите на Европската унија (ЕУ), продолжува со нашиот голем пријател Република Турција и завршува со нашиод сосед Република Албанија.”

На присутните им се обрати и министерот за култура на Северна Македонија Асаф Адеми кој истакна дека се чуствува горд поради тоа што му е дадена можност да ја претставува "АлтернАтивА" во власта.

Тој рече: „Мислам дека ние со нашите заеднички активности како во Собрание така и во власта, и продадовме една нова колоритност на политичкиот живот во нашата земја. Бидете сигурни дека за да би биле сите ние еднакви; транспарентноста, правдата и борбата ќе бидат наша цел во иднина.”

Во рамките на програмата  беа претставени и симболите со кои што ќе биде застапена новоформираната политичка партија "АлтернАтивА" која инаку е дел од коалиционата влада на Република Северна Македонија и која во Собранието е претставувана со тројца пратеници.



Слични вести