Стево Пендаровски, консензуален претседателски кандидат на власта во Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев по средбата со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата, соопшти дека Стево Пендаровски е заеднички претседателски кандидат

Стево Пендаровски, консензуален претседателски кандидат на власта во Северна Македонија

Заеднички кандидат на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ) и коалицијата и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за претстојните претседателски избори во Република Северна Македонија е Стево Пендаровски, изјави премиерот Зоран Заев на вечерашната прес-конференција одржана по средбата со владините коалициски партнери.

Премиерот Заев рече дека за првпат во историјата на земјата се обединиле различните и застанале зад еден кандидат, кој, како што рече Заев е надпартиски, европски и граѓански кандидат.

„Стево Пендаровски одлучи да влече напред, ги избра граѓаните, изразувам голема благодарност и за другите кандидати, Шекеринска, Спасовски, Димитров и другите. Тие се големи луѓе, локомотиви на Владата, кои одлучија да работат за реформите, за граѓаните и да дадат предност за надпартискиот кандидат Стево Пендаровски“, нагласи Заев.

Зад одлуката Пендаровски да биде претседателски кандидат застанале 31 партија. СДСМ во недела на 3 март се одржува конгрес на која партиските тела треба да ја верификуваат одлуката за Пендаровски, за да биде конечна.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори ќе настапува со натпартиски кандидат, универзитетската професорка по Уставно право, Гордана Силјановска-Давкова.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај оваа година.

Предизборната кампања за првиот круг на претседателските избори ќе започне на први април.

Кој е Стево Пендаровски

Пендаровски, откако беше избран за пратеник на последните парламентарни избори, стана Национален координатор за подготовка на Северна Македонија за членство во НАТО, функција која ја извршува моментално. Роден е на 3 април 1963 во Скопје. Дипломирал во 1987 на Факултетот за правни и политички науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ.

Пред да биде избран за пратеник во Собранието во 2016 година, 11 години беше униврзитетски професор на приватен факултет во Скопје, каде предава Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на Соединетите Американски Држави (САД) и други предмети.

                                                                                                                                   (Anadolu Agency-AA)



Слични вести