Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во Софија се состана со бугарскиот премиер Борисов

Генералниот секретар на НАТО во Софија се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов и овде тоа што Русија не се придржува кон Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), го дефинира како еден од најсериозните безбедносни проблеми за Алијансата

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во Софија се состана со бугарскиот премиер Борисов

Генералниот секретар на НАТО кој престојува во дводневна официјална посета на Бугарија се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Столтенберг тоа што Русија не се придржува кон Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), го дефинира како еден од најсериозните безбедносни проблеми за Алијансата.

Притоа Столтенберг ја повика Русија да се придржува кон Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) и рече: „Не сакаме нова студена војна.“

Договорот потпишан помеѓу САД и Русија т.ј. тогашниот Советски Сојуз во 1987 година предвидуваше забрана на ракетите Круз и балистичките ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.

Вашингтонската управа минатиот месец, со образложение дека Москва го прекршува овој договор сооопшти дека во рок од 6 месеци ќе се повлече од истиот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов исто така истакна дека неговата земја останува посветена на членството во НАТО и рече: „Бугарија не е 'Тројанскиот коњ' на Русија во НАТО, спротивно на тоа е едната од најдисциплинираните членки на НАТО.“

Потсетувајќи дека рускиот премиер Дмитриј Медведев на 4 и 5 март ќе престојува во посета на Софија, Борисов рече: „Столтенберг, дојде на покана уште пред да биде соопштена посетата на Медведев. Со него не остваривме никаква средба во сферата на енергијата и тоа не се наоѓа на дневен ред. Од друга страна сме во потрага по дијалог со Русија, Меѓутоа и ние треба да бидеме силни и да бидеме на исто ниво во овој дијалог.“



Слични вести