Босна и Херцеговина го одбележува Денот на независноста
Борбата за независност е борба од кој никој не треба да се кае

Босна и Херцеговина го одбележува „Денот на независноста„ со која се стекна на референдумот што го одржа по одвојувањето од поранешна Југославија на 29 февруари и 1 март 1992.
На одбележувањето кое почна на гробиштата Ковачи каде што се наоѓа гробот на покојниот прв претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, освен Шефик Џаферовиќ членот од бошњачко потекло на Трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина и Жељко Комшиќ, членот од хрватско потекло, учествуваа и голем број политичари, воени лица, локални раководители и граѓани.
Учесниците на манифестацијата положија венец и свежо цвеќе на гробот на покојниот претседател Алија.
Комшиќ во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека независноста на Босна и Херцеговина се должи на животите, екстремитетите и сето она што може да го положат луѓето за татковината.
Борбата за независност е борба од кој никој не треба да се кае, подвлече Комшиќ и додаде дека она што го разочарува човекот, односно луѓето не е татковината, туку политиката и власта.