Денес во Анкара ќе се одржи седница посветена на Неџати Зекерија

Говорници на седницата ќе бидат проф. д-р Мехмет Зеки Ибрахимгил, д-р Назли Рана Ѓуерл, Саадет Неби и д-р Зеки Ѓурел

Денес во Анкара ќе се одржи седница посветена на Неџати Зекерија

Во рамките на манифестацијата „Пионери на турскиот свет“ што се организира од страна на Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), денес во 15.00 часот според турско време во седиштето на организацијата во Анкара, по повод 90-та годишнина од раѓањето ќе се одржи седница посветена на турскиот поет и писател Неџати Зекерија, кој важи за еден од најзначајните претставници на турската литература и книжевност во Македонија.

Говорници на комеморативната конференција ќе бидат проф. д-р Мехмет Зеки Ибрахимгил, д-р Назли Рана Ѓурел, Саадет Неби и д-р Зеки Ѓурел.



Слични вести